Марија Еухенија Суарез Риверо е родена во Буенос Аирес, Аргентина, 9 март во 1992 година, таа е аргентинска глумица и манекенка.Позната е по своите појавувања во Rincon de Luz, Floricienta, Amo de casa и Casi Angeles каде што ние имавме шанса првпат да ја видиме!
На 6 години почна да учествува како модел на пистите и на фотографиите,таа е модел а повеќе марки за облека познати ако 47-Street, Sweet Victorian,Promess...
Марија Еухенија ја започна својата кариера како актер уште од многу млади години, дебитираше на 11 години во познатата серија Rincon de Luz (2003). Следната година стана дел од актерската екипа на Floricienta, уште една позната серија на Cris Morena, серија во која глумеше дури до 2005, во истата година исто така се појави како Vileta во Amor mio.
Во 2006 прв пат работеше во продукција која не е на Cris Morena, беше дел од екипата на Amo de casa, каде се појави како Catalina, програмата се прикажува на Canal 9.
Моментално е дел од екипата на Casi Angeles, проект на Cris Morena во главните улоги со Nicolas Vazquez и Emilia Attias.
Таа исто така е дел од групата Teen Angels која се формираше во серијата Casi Angeles, во албумите има песни од групата, и од други глумци во серијата.Еухенија се појавува исто така и како солист со песната Reina Gitana во која се збори за циганка која бара некој циган, во тема Jazmin зборува за една љубов која има ривал, Nacho (Agustín Sierra) кој ке го направи дури и невозможното за да ја раздели од својата вистинска љубов Tacho (Nicolas Riera)
2003 Rincón de luz- Pia
2004 Floricienta- Paz
2005 Amor mío- Violeta
2006 Amo de casa- Catalina
2007 Casi Ángeles- Jazmín