Ова е форум каде што можете да најдете новости и се за глумците.Дoбредојдовте и забавувајте се!
 
HomeCalendarПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share
 

 А1 телевизија

Go down 
АвторПорака
Dijan4e
Admin
Dijan4e


А1 телевизија Empty
ПишувањеПредмет: А1 телевизија   А1 телевизија Icon_minitimeНед Мар 22, 2009 6:49 am

А1 телевизија L17
А1 Телевизија е првиот приватен електронски медиум во Република Македонија. Иако првите новинари беа дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создаде свој кадар, кој се одликува со препознатлив репортерски стил. Првиот сигнал го доби на 20 јануари 1993 година, а национална концесија доби во 2001 година. А1 придонесе за јакнење на одговорноста на јавниот, на приватниот и на граѓанскиот сектор.

А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.

Цели на А1 се: брзо и навремено информирање, вистинска информација и професионалност. Тие се темелат врз: храброст - информативниот пристап темелен врз непристрасноста, независноста, објективноста, вистинитоста, самостојноста во работењето; креативност - можност за авторско изразување (проекти и начини на изразување што се за првпат применети во земјата); гледачите - тоа се оние за кои постои овој медиум и чие мислење е основа за неговата работа.

Награди: 2000 година - награда за објективно информирање 2000 за А1 Информативна програма од Здружението на новинарите на Македонија; 2003 година - Наградата за граѓанско општество и демократија за долгогодишен придонес.

Во јули 2008 година, во рамките на А1 телевизија е офорена и нова А2 телевизија која што сега е во тест период, и ветува исто така добра и квалитетна програма како А1.

_________________
А1 телевизија 10xu8vs
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
А1 телевизија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
All for them :: Македонски телевизии :: А1 телевизија-
Отиди до: